Ако навистина СДСМ сака да ја зголемат минималната плата тогаш да го направат тоа, а ние ќе ги поддржиме исто како што ќе поддржиме и зголемување на платите во јавниот сектор адекватно на коефициентот на тежината на работните места, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, од каде дополнуваат дека владејачката партија требало да го поддржи стопанството.
– Бидејќи СДСМ покажа интерес за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ да не се крие зад лични ставови на поединци туку ги повикуваме да го проследат овој став на партијата, се наведува во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.