„Сите анекси за кои говореше г-нот Манчевски се дополнети согласно со Законот што тоа го регулира и зголемувања согласно со предвидените максимални 30% од износот на основната набавка“, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ.
– Впрочем за проектот Скопје 2014 се произнесе и т.н. ревизорска комисија која ја создаде општина Центар која се користеше само со политички квалификации, наместо со прецизни правни факти.
– Тоа значи дека ниту СДСМ, ниту нивната т.н. ревизорска комисија, ниту тогаш, ниту сега не најдоа неправилности во сите проекти, затоа што целокупната постапка се водеше транспарентно и согласно со законите.
СДСМ:Сомнителни 60 милиони евра во анекси за Скопје 2014
– Ако Манчевски сака пример за непотребно зголемување на првичните трошоци за градба на еден проект кој никој пат не се реализира, нека го погледне проектот за изградба на железничката пруга кон Бугарија која СДСМ ја започна во 1994 со ветување дека ќе ја заврши за две години. Тие пред граѓаните се обврзаа дека ќе ја изградат пругата кон Бугарија за 140 милиони тогашни марки, за потоа основното чинењето на проектот да го зголемат за дополнителни 300 милиони марки. Тоа значи дека СДСМ создаде зголемување на трошоците од неверојатни 200% повисока вредност на проектот, кој за жал и никојпат не го заврши, велат во ВМРО – ДПМНЕ.




