ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко сочуство до семејството Петковски. Нема ниту една работа што може на ова семејство да му ја надомести празнината од прерано изгубениот син.
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата рекација на институциите на системот, МВР, Јавното обвинителство и судските инстанци во насока на расчистување на случајот, пронаоѓање на извршителот на убиството и негово понатамошно процесуирање низ легалните и легитимни постапки на државата. ВМРО-ДПМНЕ повикува на смирување на ситуацијата.
Повикуваме на разумно однесување од страна на сите фактори со цел да не се дозволи понатамошно ескалирање на состојбата.
Ги повикуваме сите политички фактори и политички партии да не ја злоупотребуваат оваа човечка загуба за ситни политички пресметки со неистомислениците.
Апелираме до младите луѓе кои овие два дена изразуваат незадоволство и до нивните семејства да дозволат државата да постапува согласно на законите. Секоја активност спротивна на законите ниту помага некому, ниту е праведна, туку само може да ја вовлече државата во сериозни предизвици и да креира големи тензии.
Ги охрабруваме институциите да продолжуват со воведување и заштита на редот, мирот и безбедноста.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до сите на смиреност, разумно и одговорно однесување.




