СДСМ и Сорос се две страни на иста паричка, вака партијата ВМРО-ДПМНЕ пишува во своето соопштение во кое обвинува дека се води хајка против „вистинскиот невладин сектор“ од страна на „окупаторите и уништувачите на граѓанските иницијативи…соросовите невладини јуришници во служба на СДСМ“.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека на сите кои ќе се одважат да им опонираат на „тоталитарни начини на практицирање квази граѓанство“, овие организации им се заканувале со тужби.
– Токму затоа граѓаните на 11-ти декември им кажаа не во огромно мнозинство на ваквите насилници и застанаа зад процесот на десоросоизација на македонското општество. Овој процес е неопходен за Македонија да се ослободи од злото кое го убива оној дел од цивилниот сектор кој не може да го купи и земе под своја команда за да му слугува на Заев и на СДСМ. Десоросоизацијата започна и враќање назад од тоа нема, се вели во пораката на ВМРО-ДПМНЕ.