ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција за ставот на СДСМ за името, каде потсетуваат и на нивниот досегашен став, кој е, како што велат непроменет.
-За разлика од СДСМ, кои немаат став за прашањето со името и тоа го користат за ситни калкулации и го нудат како да се на пазар, ВМРО-ДПМНЕ има прецизен и јасно дефиниран став кој е напишан во програма, илјадници пати кажан и став за кој граѓаните неколку пати избори гласаа.
СДСМ треба да престане да се однесува несериозно кон прашањето за името и треба да престане да и нанесува штета на државата.
Името не е нешто за што СДСМ може да држи тезга на пазар.
СДСМ откако предложија да се свитка “кичмата” за името, сега продолжуваат со лицитирања да нанесуваат штета на државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.




