Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Лага и измислица е прашањето за кешот на Груевски

0
By Нова ТВ on April 15, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 15, 2014 16:56

Прес конференцијата на Зоран Заев е тотална лага и измислица, соопштува ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на прашањето на Заев дали Груевски земал 1, 5 милион евра во кеш.

-Ваквото однесување на Заев е класичен кукавичлук и е катастрофален обид да го покрие изборниот срам што му се случи во неделата.

Ваквите измислици и ваквиот начин на дејствување не се нови за СДСМ. Секогаш користеле навреди, лаги, омаловажувања и манипулации.

Народот му кажа што мисли за неговот концепт во неделата, но тој во неговата самобендисаност и ароганција, не разбирајќи ја пораката од народот дека нема доверба во него, живее во некој свој свет во кој што сите се криви, народот е крив, само тој никако не е крив.Тоа доаѓа од човекот кој се откорна од делење тендери на своите браќа, братучеди, чичковци, снаи и доаѓа од човекот кој доби аболиција за сторен криминал од 8 милиони евра од неговиот ментор Бранко Црвенковски.

Заев за покажувањето на ваква нестабилност и ароганција, паника, страв и конфузност, кои доминираат во неговиот израз додека ги шири лагите, ќе добие нова казна од граѓаните на 27-ми април. Таа порака ќе биде поубедлива од онаа што ја доби на 13-ти април, затоа што продолжува да ги потценува.

Овој човек се нуди себе си да биде премиер на државата, а не покажува ниту грам почит кон граѓаните, а најмалку покажува достоинство.

Ние апелираме граѓаните да го казнат ова негово несериозно и потценувачко однесување.

Ние ќе продолжиме да ја почитуваме волјата на граѓаните и ќе продолжиме да работиме на презентација и реализација на над 2046 проекти кои, убедени сме, ќе донесат добро на граѓаните.

Зоран Заев сам ќе потоне во сопствената негативна кампања базирана на лаги, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, Заев постави неколку прашања до Груевски:

1. Дали како претседател на ВМРО-ДПМНЕ си земал пари во кеш во износ од 1.500.000 евра или повеќе од 92.000.000 денари ?

2. Дали ти како македонски патриот, овие пари, 1.500.000 евра или 92.000.000 денари, си ги земал од познат бизнисмен?

3. Дали, Никола Груевски, тебе ти е државата пред сѐ? Ако ти е пред сѐ, зошто си ја оштетил државата 225.000 евра, четврт милион евра, или повеќе од 14.000.000 денари за неплатен данок ?

4. Дали си ти прататкото на оф-шор мрежите, оф-шор компаниите преку кои се изнесува капиталот на македонските граѓани, а се внесува како капитал на фамилијата?
5. Дали со овие пари купуваш гласови?

„Никола Груевски, бидејќи си мераклија на граѓаните и на државната администрација да им држиш предавања по етика, еве ти можност да им ја одржиш најважната лекција. Лекцијата по искреност. Биди искрен со македонската јавност, излези на прес-конференција и кажи си што ти ја мачи совеста, ако воопшто ја имаш.

Кажи го тоа поради кое твои блиски соработници не спијат веќе долго време. Никола Груевски, ќе кажеш ти за 1.500.000 евра или да кажеме ние?“, праша на крај Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.