ВМРО-ДПМНЕ со одговор до СДСМ, за обвинувањата дека Владата и префрлила 360 илјади евра на ТВ Сител во еден ден- СДСМ е партијата која нетранспарентно ја финансира секоја своја кампања.
-СДСМ шуруваше со медиумскиот бизнис на Велија Рамковски и за неговата А1 телевизија и му исплаќаше долгови преку цесија. Имено СДСМ исплати долг на А1 телевизија во висина од 2,4 милиони денари кон СРД, а тие пари беа само дел од долгот кој што партијата го имаше кон телевизијата за реклами и медиумско промовирање. За целокупната кампања СДСМ тогаш заедно со своите бизнис партнери А1 и Плус продукција даваа двојни извештаи со огромни разлики во износите без да биде испочитувана законската регулатива.
Впрочем Андреј Петров, поранешниот генерален секретар на СДСМ како организатор на кампањата на СДСМ во 2011, злоупотребувал средства за изборната кампања, не го пријавил изворот на финасирање, спречил надзор, користел недозовлени средства за финансирање на кампањата и не поднел финансиски извештај до институциите.
Дополнително за свои потреби СДСМ склучи хипотекарен кредит, што не е дозволен начин на финансирање на една кампања од 6 милиони евра од една комерцијална банка. Овие пари беа многу повеќе пари од законски дозволените средства кои можат да се употребат во кампањата, и СДСМ притоа не објасни како ги искористила тие пари.
Секоја кампања СДСМ ја води спротивно на законот и потоа се обидува преку манипулации да ја отргне вината од себе, обвини ВМРО-ДПМНЕ, како реакција до СДСМ, за обвинувањата дека Владата на Груевски и префрлила 360 илјади евра на ТВ Сител во еден ден- СДСМ е партијата која нетранспарентно ја финансира секоја своја кампања.




