Published: Sunday, January 26, 2014 15:48
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека фирмите на Заеви, само во 2012 година оствариле заработка од 2 милиони евра. Со тоа, според ВМРО-ДПМНЕ, се покажале како неточни тврдењата на лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев дека фирмите работат со загуба.
– Сакајќи да го скрие богатството и комодитетот на кланот Заеви, Зоран Заев на новинарско прашање одговори дека фирмите на неговото семејство и неговите партнери работеле со загуба. Но, реалноста е друга.Во 2012 година фирмите на кланот Заеви во кои сопственици се таткото, чичкото, братот, братучедите и други бизнис партнери на Зоран Заев оствариле нето добивка преку своите фирми од 121.642.000,00 денари или 2 милиони евра, рече денеска на прес-конференција Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ.




