Published: Friday, April 3, 2015 14:43
Дисциплинската комисија на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел на иницијатива на повеќе основачи и ветерани донесе одлука за исклучување од партијата на Јово Кекеновски.
Во причините за исклучувањето се наведуваат обидите за нарушување на угледот на ВМРО-ДПМНЕ и дејствување во спротивност на политиките и определбите на партијата.
Претседателот на Општинскиот комитет од Бутел, Боби Бојчевски, ја потврди информацијата за исклучување на Кекеновски за НОВА.
Вели дека иницијативата дошла изворно од повеќе членови на партијата кои укажувале за повеќекратно прекршување на статутот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Кекеновски и кои отворено искажувале незадоволство од неговото однесување.




