Во Музејот на македонската борба во Скопје синоќа ВМРО – ДПМНЕ ја прослави 23 годишнината од своето постоење, како и 120 годишнината од ВМРО.
Претседателот на партијата Никола Груевски, им се заблагодари на партиските членови за поддршката и за спроведените дела.
По освртот за проблемот со Грција, Груевски и се заблагодари на Европската комисија и на сите поддржувачи на македонските заложби и принципи, но, како што рече, на некои од нив им била поважна политиката од принципите.
(Фотографијата е преземена од дневниот весник „Вест“)