Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се „судрија“ во Судскиот совет

0
By Нова ТВ on June 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет ги поништи огласите за избор на тројца судии во Врховниот суд, откако членовите во Советот, предложени од ВМРО ДПМНЕ и од ДУИ не успеаја да ги усогласат ставовите и да изберат некој од пријавените кандидати.

Камен на „сопнување“ беше до неодамнешниот заменик претседател на Судскиот совет, Башким Бесими, кој поднесе оставка од таа позиција, за да стане судија на Врховниот суд. Но, коалициониот договор се изјаловил во последен момент, па членовите Македонци не го поддржаа нивниот довчерашен шеф да влезе во Врховниот суд.
Тој не доби поддршка ниту на поединечното изјаснување што се спроведе по барање на членовите Албанци.

Откако видоа дека нивниот предлог не поминува, Албанците по принципот на „Бадентер“ гласаа против фаворитот на владејачкото мнозинство, па така државната правобранителка Оливера Китанова не беше избрана за судијка во Врховниот суд.

Поради различните ставови во Советот, тие не се договорија ниту за третиот кандидат. На седницата не присуствуваше министерот за правда Блерим Беџети, иако тој неделава два пати бараше да се одложи изборот за да се испеглаат разликите.

Во скопскиот апелациски суд унапредена е судијката од кривичниот суд Лидија Чачева, вториот судија од предметот „Ровер“ каде што му се суди на Љубе Бошковски. Во овој случај, за в понеделник се закажани завршните зборови, но по изборот на Чачева, јасно е дека нема да има завршни зборови, туку судењето мора да почне од почеток поради промена на судија во советот кој суди.

Во Апелација Скопје избрана е и Катерина Георгиевска, судијка од скопска двојка, сопруга на обвинителот во организиран криминал Влатко Георгиевски и Станка Зафировска, од граѓанскиот суд како и гостиварскиот адвокат Агим Беслими.

За 11 јуни се закажани избори за еден член во Судскиот совет, на местото на Неџат Ајро, кој заминува во пензија, па ДУИ за тоа место, за кое гласаат самите судии, го токми претседателот на скопска двојка Бекир Шаини. Судски избори тврдат дека позицијата на Шаини е сигурна, а веќе нашле и замена, па се очекува граѓанскиот суд да го води млада судијка Албанка, која до пред две години работела во Владата на Република Македонија.

Пишува: Саше Димовски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.