Владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ до Собранието доставија предлог-закон со кој би се забранило понатамошно објавување на прислушуваните разговори.

Со овој закон би се забранило повторно објавување на веќе објавените „бомби“ на Заев, а нови материјали директно да се достават до Специјалното јавно обвинителство.

Талат Џафери од ДУИ денеска пред новинарите рече дека меѓу партиите имало консензус за овој предлог-закон и дека истиот бил дел од договорот во Пржино.

Текстот на законот предвидува кривична одговорност за оние кои нема да го почитуваат.

Џафери порача дека доколку се усвои законот, медиумите ќе мора да ги симнат од своите веб сајтови веќе објавените материјали.