Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги држат изборните слогани во тајност

1
By Нова ТВ on November 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборната кампања стартува в понеделник. Партиските каравани се подготвени, слоганите се смислени, кандидатите за пратеници ги учат говорите. Дел од партиите за НОВАТВ ги открија главните пораки кои ќе им ги испратат на граѓаните, но најголемите ривали на претстојните парламентарни избори СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги кријат се до стартот на кампањата.

Го прашавме комуникологот Петар Арсовски, колку се важни слоганите и дали тие влијаат на изборниот резултат.

Арсовски

„Слоганот влијае, зашто е сублимат на политичката порака за кампањата.  Тој по правило треба да биде краток, концизен, и на едноставен начин да ја пренесе емоцијата со која партиите настапуваат на изборите“, вели Арсовски за НОВАТВ.

Менаџерот за стратешки комуникации во агенцијата Имиџ ПР, Магдалена Михајлоска, вели дека со секоја кампања, а политичките не се исклучок, главна цел е да се пренесе една главна порака која е носечка за целокупната комуникација на кампањата.

Михајловска

„Оттука слоганот на кампањите во време на избори ја содржи во една кратка форма нејзината суштина, стилот и тонот на сите активности што ќе бидат преземени и начинот на кој ќе се реализираат тие доколку се освои власта. Да не звучам толку теоретски слоганот е основа на сите активности и главна порака која треба да се пренесе на гласачкото тело. Сите понатамошни активности се фокусирани кон дообјаснување на носечкиот слоган или негово ставање во функција на моменталниот дневно политички контекст, за да можат гласачите што подобро да ја разберат пораката од различни аспекти“, објаснува Михајлоска.

„Не се плашете, режимот ќе падне“

Арсовски направи и куса анализа за тоа каква порака преку слоганот ќе ни испратат партиите и коалициите.

На овие избори, владејачката партија ДУИ на Али Ахмети ќе настапи со слоганот „Заедно одлучуваме“.

„Мислам дека овде ДУИ се обидува да покаже заедништво со народот и да имплицира дека ќе бидат одлучувачки фактор“.

Коалицијата за промени и правда на Демократски сојуз, ФРОДЕМ, МОРО и ДЕМОС ќе оди со порака две во едно – „Не се плашете, режимот ќе падне“, која истовремено ги охрабрува граѓаните да гласаат и директно ја напаѓа владејачката партија.

„Самиот слоган кажува се и е обид за поголема излезност на протестниот глас“.

ДПА на Мендух Тачи на гласачите им ветува „Одиме право“.

„Овој е општ слоган за продолжување, континуитет“

Движењето Беса и НДП ќе настапат заедно на овие избори под слоганот „Денес или никогаш“.

„Ова е слоган кој повикува на промени, на излезност за гласање за нив“

За прв пат оваа година, на изборите ќе се појави новата партија „Левица“ со слоганот „Искра во мракот“.

„Светло на крајот на тунелот, другите понуди се мрак“

Од СДСМ велат дека се уште го немаат дефинирано слоганот и дека размислуваат за две опции. Иако, неофицијално се зборува дека во слоганот ќе доминира зборот живот. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека изборната порака ќе ја обелоденат во понеделник кога официјално стартува изборната кампања. Слоганот не сака да го открие ни коалицијата ВМРО за Македонија на Достоинство, ВМРО-НП и Обединети за Македонија. Тоа ќе го стореле на првиот митинг на коалицијата кој е предвиден за вторник.

Михајлоска од Имиџ ПР објаснува дека како и во секоја кампања кога треба нешто да се продаде на граѓаните, внимателно се избираат зборовите, па дури и интерпункциските знаци, бидејќи тоа го покажува стилот на политичката опција и како истата планира да ги спроведе политичките чекори во насока на реализирање на политичката програма.

„Слоганот го одредува духот на политичката партија во моментот и нејзините погледи и планови за начините за справување со предизвиците во општеството, независно од левичарската или десничарската ориентација“, ни изјави Михајлоска.

На претходните избори во 2014 година владејачката партија на чело со Груевски го избра слоганот „Има разлика. Ти можеш да препознаеш“. СДСМ се реши за „Промени за нов почеток“. ДУИ одеше со „Заедно подобри, заедно посилни, заедно во Европа“, ДПА со „ДПА за слобода“, НДП порача „Време е“, а коалицијата предводена од ГРОМ на Стевчо Јакимовски настапи со „Храбри луѓе, горда држава“.

Анализата е дел од соработката помеѓу НОВА ТВ и ПортАлб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.