Published: Sunday, June 14, 2015 16:20
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во 19:30 часот ќе одржи седница за актуелната состојба во државата.
На седницата се очекува да се узвојат заклучоци и насоки како партијата да дејствува во идниот период во однос на актуелните прашања, како и за договорот од 2 јуни.
Денеска од 17 часот заседава и опозицијата, заедно со дел од НВО секторот, а на седницата се очекува да го договорат своите понатамошни активности.




