Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ зборуваат за два различни законски документи за хашките случаи

0
By Нова ТВ on April 6, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 6, 2015 22:00

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ попладнево испратија неколку соопштенија по денешната “бомба” на опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ – “СДСМ денеска се закопаа” со лаги, додека СДСМ инсистира на тоа дека “Никола Груевски продолжи да ја лаже јавноста и да манипулира, што покажува за каква неморална личност станува збор”.

Во својата реакција СДСМ тврди дека “Законот за амнестија за хашките случаи е донесен по договорот на Груевски со Ахмети во 2011 година, по нарачка” и дека “лично Груевски наредил Владата да даде автентичното толкување со што ќе отвори пат за донесување на Законот за амнестија за хашките случаи”.

СДСМ напоменува дека Законот за амнестија за хашките случаи е изгласан во Собранието на 19 јули 2011 година.

На ова ВМРО-ДПМНЕ одговара дека “Законот за амнестија не е донесен во 2011 туку е донесен во 2002 година”.

“За тој закон гласале целиот врв на СДСМ. Гласал и Бранко Црвенковски, гласала и Радмила Шеќеринска која денеска лицемерно се смешкаше, знаејќи дека го пуштила низ вода Зоран Заев. За истиот закон гласале и Јани Макрадули, Никола Поповски и Ѓорѓи Спасов”, вели владеачката партија.

На соопштението е додаден список на пратениците од гласањето во 2002 година. На него може да се види дека гласале “за” Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска, Јани Макрадули, Никола Поповски, Ѓорѓи Спасов.

Очигледно е дека двете партии зборуваат за два различни законски текста. Законот за амнестија е донесен во 2002 година. Но во 2011 година, на пленарна седница на Собранието, е гласано (на денешната “бомба” се зборува токму за ова гласање) автентичното толкување на Законот за амнестија како што СДСМ вели во споменатата реакција:

“Лично Груевски наредил Владата да даде автентичното толкување со што ќе отвори пат за донесување на Законот за амнестија за хашките случаи”.

На ова гласање во 2011 година пратениците на СДСМ гласале “против”. Оваа партија исто така испрати список од гласањето во Собранието на кое се гледа дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ гласале „за“ а пратениците на СДСМ гласале „против“.

Овој список се однесува на гласањето во 2011 година. Додека списокот што го испрати ВМРО-ДПМНЕ до медиумите се однесува на гласањето од 2002 година.

Но, според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за внатрепартиска пресметка кај опозицијата:

“Денес целата јавност виде внатрепартиска пресметка во СДСМ. Или некој сака да го пушти Заев низ вода или тој сака да им се освети на другите членови на раководствата на СДСМ кои гласале за овој закон”, се вели во втората реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната “бомба” на опозицијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.