До овој момент во ВМРО-ДПМНЕ стигната е една кандидатура од господинот Јове Кекеновски.
Стигната е иницијативата за кандидирање на господинот Ѓорге Иванов, потпишана од над педесетина интелектуалци, доктори, академици, свештени лица од повеќе религиозни заедници, спортисти.
„Сеуште немаме лично произнесување од страна на господинот Ѓорге Иванов по однос на оваа иницијатива. Врз основа на вашиот интерес и прашањата кои денес се поставувани до нашиот Центар за комуникации, би сакал да потврдам дека на оваа иницијатива се придружиле и високи партиски лица и градоначалници кои веќе се објавени во повеќето медиуми“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Рокот за пријавување на кандидати до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ е до среда (26.02.2014 година) до 20 часот.
ВМРО – ДПМНЕ денес го објави списокот на сите делгати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија, кој ќе биде и на веб страната на партијата, со што ќе биде на ставен на увид на целата јавност.
Вкупниот број на делагати на Конвенцијата, во согласност со одлуките на Извршниот и Централниот комитет на партијата е 1300.




