ВМРО-ДПМНЕ излегла со предлог за исклучување на пратениците од седница, како крајна мерка.
Ова е ставено на маса на работната група за спроведување на препораките од Извештајот за 24 декември, пратениците кои ќе се однесуваат недолично, ќе упатуваат навреди, ќе ја попречуваат седницата, ќе добијат најпрво опомена, па опомена пред исклучување и исклучување од седницата како крајна мерка.
Мерките би биле вклучени во етичкиот кодекс на парламентот, за чие донесување, има препорака од Комисијата за 24 декември.
Како што предвидува предлогот на владејачката партија, исклучувањето би било на еден, два или на пет дена, а Комисијата за избори и именувања, на предлог на претседателот на парламентот, би донела одлука за намалување на пет проценти од платата на пратеникот за секој ден исклучување.
Пратениците ќе имаат право и на жалба, а по неа ќе одлучува тричлена комисија, составена од еден од потпретседателите на Собранието и по еден пратеник од мнозинството и од опозицијата.




