Како реакција на изјавата на Љупчо Николовски од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека од политичката сцена, дефинитивно заминувал само Зоран Заев, по изборите на 24 април.
– Oваа Влада има министри кои пред и после министерската кариера доаѓаат и работат за признати светски институции и компании, а кадрите на СДСМ доаѓаат од корумпирани општински администрации како Струмица и Куманово. Во тоа е разликата, се вели во реакцијата на партијата на власт.
Од партијата на Груевски велат, целта на СДСМ била економско закочување, назадување, тензии и конфликти.
– Во време на СДСМ немаше “И” од информатичка технологија, освен срамниот скандал на Шекеринска и тендерите кои ги добиваше Семос. Во време на СДСМ пристапот до интернет беше 9 а сега е 70%. Тогаш немаше а сега има компјутери во сите основни и средни школи.
Тие не даваа а ние даваме ваучери за студентите да набават таблет компјутер. Цената на телефонскиот импулс сега е за 80% поефтина отколку во време на СДСМ. Има дигитална телевизија и 4G мобилна телефонија, набројува ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката партија дополнува дека бил донесен и најмодерен закон за администрација кој имал и повеќе од европските стандарди, а се донел и нов закон за општа управна постапка кој нудел голем број позитивни работи за граѓаните.
– Тоа се само мал дел од работите кои покажуваат дека ние работиме со дела и факти, а СДСМ само со краза и золчност, и тоа се дел од прицините заради кои СДСМ на 24 април ќе доживее тежок пораз. СДСМ нека продолжи со својата зачмаеност, ние продолжуваме со работа на над 2000 проекти, се вели во реакцијата на ДПМНЕ.




