Транспарентност Македонија треба конечно еднаш да престане да испраќа соопштенија од лажен маил, и да го искаже својот став преку маилот на СДСМ. Навистина нема потреба од толкава неискреност кога јасно се знае кој се членува во оваа т.н невладина организација, стои во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.
Според нив, за тоа говори фактот дека безмалку целото раководство на Транспарентност Македонија се сегашни или поранешни високи функционери на СДСМ. Со Транспарентност Македонија раководат: Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев пратеник од СДСМ и поранешен потпретседател , Дане Талески поранешен член на ИО на СДСМ, Ѓунер Исмаил долгогодишен министер во владите на Бранко Црвенковски, Александар Спасов син на долгогодишниот партиски функционер во СДСМ, Људмил Спасов, и Сашо Ордановски директор на Транспарентност Македонија и гласноговорник на политиките на СДСМ.
„На јавноста веќе и е доволно јасно дека оваа партиска испостава на СДСМ има за задача преку неточни извештаи да креира перцепција по одредени прашања кои и одат во прилог на СДСМ. Впрочем соопштението кое го лиферуваше т.н невладина организација Транспарентност Македонија е само обичен партиски памфлет на СДСМ. Како и досега така и денес тие излегоа со невистинит извештај кој е целосно спротивен со извештаите кои пристигаат од релевантните меѓународни институции за различни области и општетсвени прашања во Македонија, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.




