Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ:Ја повторуваме понудата,Заев да се откаже од платформата

0
By Нова ТВ on March 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку СДСМ и Зоран Заев јавно се откажат од Платформата, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа и ќе поддржи Влада која што би ја формирал Зоран Заев, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

„СДСМ мора јавно и јасно да се откаже од Тиранската Платформа и елементите во неа кои ќе ја редефинираат Република Македонија, која од мултиетничка би ја претвориле во бинационална држава.

Оправдан е стравот кај граѓаните после конфузните и контрадикторни ставови кои ги изнесе Зоран Заев, во кое не ја отфрли Тиранската Платформа, туку напротив најави дебатирање по нејзините точки.Ова само го потврдува сомнежот дека Зоран Заев со цел да добие власт ги погазил националните и државни интереси и ја прифатил реализацијата на Тиранската Платформа под превезот на дебатирање, консултирање на партиски експерти и слично.

Револтот кај народот од ваквата неискрена политика и реторика на Заев и СДСМ станува се поголем. Граѓаните гледаат дека затскриено се подготвува редефинирање на државата.Ние ја повторуваме нашата понуда.

Доколку СДСМ и Зоран Заев јавно се откажат од Тиранската Платформа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа и ќе поддржи Влада која што би ја формирал Зоран Заев.

Доколку СДСМ и Зоран Заев сметаат дека Тиранската Платформа е позитивна за иднината на Македонија и потребно е да се дебатира за елементите содржани во неа, тогаш го повикуваме истата да ја стави на најшироката можна дебата за тоа, парламентарните избори. Ако сака СДСМ може елементите од Тиранската Платформа да ги искористи како основа на своја партиска изборна програма, па така граѓаните ќе може јасно да кажат што мислат за тоа, без притоа да бидат изборно измамени, како што тоа веќе еднаш им го направи СДСМ и Зоран Заев.

Платформа Понуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.