Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ ќе бара толкување од Венецијанската комисија за Договорот

3
By Нова ТВ on June 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев на прес конференцијата во Собранието рече дека Владата на Република Македонија и парламентарното мнозинство, прекршувајќи ги Уставот, Деловникот, законите и процедурите сакаат да протуркаат антидржавен и антиуставен договор кој е во спротивност со интересите на граѓаните на оваа земја.

Тој рече дека Владата сака „на мала врата, без дебата да го протне Договорот преку кршење на Деловникот и процедурите токму овде во Собранието“.

-Ова е трет пат, трет случај на грубо непочитување на процедурите. Прво со изборот на Талат Џафери за „таканаречен“ претседател на Собранието, потоа со законот за двојазичност и сега  со договорот со Грција, рече Данев.

На прес конференцијата која се одржа додека на пленарна седница се расправа за ратификација на Договорот со Грција, Данев зборуаше и за процедурата како Предлог законот минал низ комисиска расправа.

-Ратификацијата на меѓународни договори никогаш досега не се разгледувале во Комисијата за европски прашања, туку во Комисијата за надворешна работа. Приемер за тоа е договорот со Бугарија кој што се разгледуваше во Комисијата на надоврешни работи. Зошто тој договор е поразличен од овој договор?, праша Данев и ги посочи членовите од Деловникот, кои според неговата партија биле прекршени во врска со Договорот.

Тој обвини дека Владата не сака да ги слушне критиките од јавноста. Тој најави дека ВМРО ДПМНЕ ќе побара и толкување од Венецијанската комисија за утврдување на правната природа на истиот договор.

ВМРО-ДПМНЕ Данев Договор со Грција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.