Во знак на револт поради притворањето на учесниците од насилствата во Собранието на 24.април, ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжу со вообичаената практика на блокирање на крстосници и протест.
На крстосница кај „Мавровка“ членови и поддржувачи на партијата ќе блокираат од 15 до 17 часот.
Од 15:30 до 13:30 тие ќе блокираат на на крстосницата пред „Нова Македонија“ (Европска Комисија), крстосницата пред Црвен Крст и крстосницата кај Соборна Црква.
ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ќе организира протест во 18 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари.