Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ ќе гласа против иницијативата за одговорност на Иванов

0
By Нова ТВ on May 27, 2016 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 27, 2016 13:02

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициски парнтери, за предлогот за утврдување одгoворност на претседателот Иванов, ќе гласаат против, соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.

Димовски вели дека Иванов не го прекршил Уставот, „без разлика дали некому тоа му се допаѓало или не“. Тој повика иницијаторите за формирање на ваквата комисија да ја повлечат одлуката, бидејќи таа според него нема уставна подлога, а од друга страна е сосема јасно дека нема да помине во Собранието затоа што ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери ги имаат мнозинството гласови.

– Мислам дека одлуката на Иванов за помилување не беше потребна во овој момент, но судење на Претседател за одлука која има право да ја донесе е неприфатливо. Иванов има политички легитимитет и неговото дејствување е од сериозно значење за државните институции, изјави Димовски.

Според него,  дебатите во Собранието треба да се осврнат на широките реформски приоритети и смета дека постаоката за импичмент е во ислулчително погрешно време.

Во 13 часот пратениците ја почнаа расправата за предлог-одлуката за основање на Комисија која ќе треба да ја оцени основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов.

komisija za impicment

Барањето за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, која ја поднесе пратеничката група на СДСМ до вчера ја потпишале вкупно 52 пратеника, што е доволно за да може да се почне процедурата за отповикување на претседателот. Иницијативата за отповикување на Иванов ја потпишале пратениците од СДСМ и коалиционите партнери,16 пратеници од ДУИ, независните пратеници, Лилјана Поповска од ДОМ и Павле Трајанов од Демократски сојуз, тврди СДСМ.

Овие потписи се доволни за иницијативата да влезе во собраниска процедура, но засега нема двотретинско мнозинство, односно 82 гласа, кое се потребни за оваа иницијатива да има позитивен епилог. Барањето на СДСМ беше поднесено на 13 април.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

ВЕСТИ May 1, 2026

Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом на ССМ, а потоа ќе продолжи…

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.