– СДСМ и понатаму не го наведува списокот на индустриски погони во Сачево и
бројот на моментално вработени, од вкупно 3.000 кои ги вети Зоран Заев.
Можеби на СДСМ му треба повеќе време да ги доброи сите вработени во
индустриските зони од нивниот паралелен универзум“, се вели во реакцијата од ВМРО- ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ за индустриските зони.
Струмичани и цела Македонија го знаат бројот бидејќи не живеат во виртуелниот
свет на соопштенијата на СДСМ, се вели натаму во писмената реакција, во која се додава дека „бројот на индустриски зони, погони и вработувања кои ги реализираше Заев е нула“.
– Семејно богатство „меѓу 6 и 7 милиони евра“, како што кажа самиот Заев за кого
еден милион евра баш и немаат некоја огромна вредност. Заеви не соопштуваат дали богатството го пронашле на остров во Грција или во тендерска мрежа во Струмица. Возен парк од речиси милион евра, куќи, станови, фабрики, хациенди на море во вредност од стотици илјади евра, успешна менувачница финансирана по методот на Вице „евро по евро“ од Општина Струмица, се вели во соопштението од ВМРО- ДПМНЕ.
За разлика од нив, велат од оваа партија „Македонија ги гледа инвестициите кои ги овозможи ВМРО- ДПМНЕ. Народот ги гледа повеќето од 50 директни странски инвестиции. Народот работи во повеќе од 140-те илјади работни места кои ги отвори владата на ВМРО-ДПМНЕ“.




