Опозициската ВМРО ДПМНЕ истапи со реакција на пресконферецијата на владините претставници во врска со укинување на вонредните мерки. За ВМРО ДПМНЕ Македонија има најлоши резултати во справувањето со коронавирусот.
“Македонија под власта на СДСМ има најлоши резултати во борбата против коронавирусот.
Власта не треба да ја бара вината кај народот, властите се неспособни да се справат со короната.
Додека другите држави во окружувањето и по 10 тина дена немаат регистрирано ниту еден нов случај, Македонија бележи и ново заразени и нови смртни случаи.
Словенија, Хрватска и Црна Гора немаат нови случаи повеќе од 10 дена.
Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот. Не се справи заради лошиот менаџмент на владата.
Лекарите, медицинските сестри и болничарите сами си купуваа заштитна опрема. Државата буквално беше оставена на милост и немилост.
Неспособноста на СДСМ за која сега виновни се граѓаните кои ги затворија како во притвор два месеци дома ќе ги чини токму граѓаните 1.3 милијарди евра до крајот на годината, за кои државата ќе треба да се задолжи” се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.




