Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се задржа на истите позиции кои се и претходно јавно познати, информира партијата во соопштение за средбата на партискиот лидер Мицкоски со бугарскиот премиер Кирил Петков која се одржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

 На средбата се разговарало за актуелните состојби поврзани со односите на двете земји.

-Она што беше посочено е потребата за градење доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави. Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8 и други проекти важни за двете земји, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е наведено во партиското соопштение, Мицкоски на средбата посочил дека наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и заемно почитување