ВМРО-ДПМНЕ со реакција за ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и најавата дека можно е скоро решение за името, како и ставот дека не верува дека би го поддржале Иванов за претседателски кандидат, но и дека нема да гласаат за Законот за медиуми:
-ВМРО-ДПМНЕ нема впечаток каков што има ДУИ и г-дин Али Ахмети околу прашањата поврзани со проблемот со името, а тој впечаток е изграден од мноштвото средби кои сме ги имале. Секако не исклучуваме можност дека г-нот Ахмети и ДУИ имаат информации кои ние ги немаме.
Нашата партија има принципиелен и добрo познат став по однос на ова значајно прашање.
Во однос на прашањето за претседателските избори, разбираме дека ДУИ како политичка партија има свој став и тој е легитимен за нив. Секоја партија самостојно ги гради ставовите.
Во однос на Законот за медиуми, ВМРО-ДПМНЕ не ги знае причините заради кои ДУИ го има овој став. Со оглед на тоа што Законот до сега ги помина сите владини и собраниски постапки, а ДУИ учествуваше во нив и го поддржуваше без никакви конкретни забелешки, би биле задоволни ако ги слушнеме причините за новата позиција на ДУИ.
Тоа што нам ни било соопштено од ДУИ и од г-дин Ахмети е дека за овој закон ДУИ нема конкретни забелешки и дека неговото усвојување треба да го почека декемврискиот самит на ЕУ, вели ВМРО-ДПМНЕ.




