Македонската полиција изминативе години целосно се реформираше и се доближи на европските стандарди. За тоа говорат извештаите на Европската Комисија кои секоја година по ред бележат напредок во сферата на министерството за внатрешни работи. Дополнително, за реформите и напредокот говори и последниот извештај на ОБСЕ кој го правеше Агенцијата Рејтинг, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на потпретседателката на СДСМ, Фросина Тасевска Ременски
.
Според ВМРО-ДПМНЕ, критиките упатени од СДСМ до министерката за надворешни работи, Гордана Јанкулоска, се неосновани.
„Во време на СДСМ, ниту се набавуваа возила за полицијата, ниту се набавуваше униформа, нова полициска опрема и други потребни средства. Во време на СДСМ се набавуваа само скапи уметнички слики“, пишува во реакцијата на партијата.
Според владејачката партија, дененото МВР е целосно реформирано и велат, има расчистено со претходните методи на работа. Тие нагласуваат дека МВР функционира поуспешно во споредба кога министерството го водеше Социјалдемократскиот сојуз.




