Владејачката партија реагира на ставот на Заев кој денеска во седиштето на СДСМ истакна дека Груевски и неговата партија ги фалсификуваа изборите и дека услов број еден на опозицијата е формирање на техничка Влада.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев е крајно неодговорен политичар, кој нема кредибилитет да говори за криминал.
-Зоран Заев покажа дека е крајно неодговорен политичар, кој е подготвен целата држава да ја стави во залог, само и само, да ја зачува неговата функција во СДСМ. На Заев не му е значаен ниту напредокот на Република Македонија, ниту животот на македонските граѓани, туку му е значајно како да ги вовлече сите во калта во која самиот се дави. Ако мисли дека политичкиот дијалог е под некаков притисок кој тој го прави, го замолуваме да не притиска толку, зошто станува непријатно за гледање на сите останати, а најмногу на неговите најблиски соработници, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.




