Ниту постои било каква вина кај градоначалникот Владимир Талевски, ниту пак тој се обиде во изминативе 30 дена да избега или да влијае на истрагата, откако по барање на Катица Јанева му беше изречена мерка куќен притвор. Напротив, Талески и вчера редовно се појави на покана на СЈО, се огласија писмено од ВМРО ДПМНЕ тврдејќи дека притворот на Талески бил без никаква причина.
-Катица Јанева и послушниците на Заев се изживуваат со Владимир Талески, иако општина Битола во законска процедура плаќала по 4,2 денари од километар за ученик, а аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот партнер од Куманово Зоран Дамјановски плаќале многукратно поскап превоз.
Во соопштението партијата вели дека со својата работа Катица Јанева вршела политички прогон.