Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека дека нема да има лидерска средба ниту било каква друга средба поврзана со информација околу текот на разговорите за проблемот што Република Грција го има со нашето уставно име.
Во соопштението од Центарот за комуникации на оваа партија се наведува дека се работи за „ширење дезинформации во јавноста на ваква тема“, што според ВМРО ДПМНЕ е крајно несериозно и има за цел да ја дефокусира јавноста од вистинските прашања за сметка на некакви средби.
МНР претходно информира дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе го информира државниот врв и политичките партии за преговорите за името на поединечни средби.