Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ: Ние сме различни од СДСМ а нив тоа ги боли

0
By Нова ТВ on February 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 2, 2014 15:50

Владата на ВМРО-ДПМНЕ досега има неколку илјади реализирани проекти кои што се во директен интерес на граѓаните на Република Македонија, а СДСМ го потценува народот, реагираат од владејачката партија откако Ванчо Узунов од СДСМ на денешната прес-конференција пред новинарите претстави статистички податоци, според кои, Узунов рече дека Владата на Груевски ги купувала изборите.

>> Узунов: Како Груевски ги купува изборите

– ВМРО-ДПМНЕ се согласи на барањето на СДСМ во текот на преговорите за изборниот Законик, само СДСМ да престане да плаче и да бара алиби за своите порази, како што и впрочем е денешната прес конференција на потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов. Во сите изминати години оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплаќаше редовни субвенции и редовна социјална помош. Ние никогаш не сме отпишувале долгови за вода за граѓаните како што правеше Зоран Заев во Струмица, непосредно пред локалните избори, се вели во реакцијата на партијата на власт.

Оттаму упатија повик до Социјалдемократскиот сојуз да направат споредба на резултатот од престојните и претходните избори и самите да се увереле дека и покрај новиот изборен закон, донесен по терк на СДСМ, повторно ќе ги изгубеле изборите со идентичен резултат.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со години во континуитет презема мерки и проекти, се покачија пензиите на пензионерите за 50%, се покачи социјалната помош за 47%, се обезбедија субвенции за земјоделците кои не добиваа ниту денар во време на СДСМ, се покачија платите на администрацијата, се реши статусот на стечајците кои СДСМ ги создаде, се реши статусот на професионалните војници и уште многу други мерки со кои им се помогна на илјадници наши сограѓани. Ние сме различни од СДСМ и нив тоа ги боли, стои понатаму во реакцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.