Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ одговор на пресот на Узунов, СДСМ реагира на реакцијата

0
By Нова ТВ on February 22, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 22, 2014 16:17

ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговори на наводите на Ванчо Узунов за преизборното прекумерно трошење на власта. Преку соопштение тие рекоа дека “прес конференцијата на Узунов е уште една од многуте алиби прес конференции на СДСМ со кои однапред сакаат да се оправдаат за поразот на престојните избори.

Узунов повторно се обидува да ја изманипулира јавноста, но и овој пат никој не му верува.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет изминатите години работи во интерес на граѓаните и тоа не го прави непосредно пред избори, како СДСМ.

– Пензионерите секогаш добиваат пензии во првата недела од месецот, не пред избори, туку постојано, во овие години додека сме на власт. Така било, така и ке остане.

– Земјоделците секогаш си ги добиваат своите субвенции, не пред избори туку постојано.

– Социјалците секогаш добиваат социјална помош. Не пред избори, туку постојано, секој месец.

– Невработените секогаш можат да сметаат на оваа Влада. Зошто? Затоа што обезбедивме над 100 илјади работни места. И ова не се случи сега, туку со години наназад, како резултат на континуираните мерки на Владата.

Оваа Влада е претпознатлива по делата кои ги прави и тоа не во време на избори, туку постојано и граѓаните тоа го знаат и затоа се излишни зборовите на Узунов.

Очигледно за СДСМ најдобро би било ништо да не се работи во Македонија, ниту земјоделците да ги добиваат своите субвенции, да не се исплаќаат пензиите, социјалните трансфери и да не се исплаќаат платите. Веројатно Узунов и СДСМ само тогаш ќе бидат задоволни”, вели ВМРО-ДПМНЕ.

На ова изјава излезе и СДСМ во која се вели: “СДСМ на прес конференцијата изнесе факти, аргументи и бројки од предизборниот финансиски извештај на Министерството за финансии. Тој покажува дека само 45 дена од почетокот на оваа година, власта на Никола Груевски потрошила 400 милиони евра!

По реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се поставуваат две прашања.

Дали ВМРО-ДПМНЕ смета дека нивниот министер за финансии и вицепремиер Зоран Ставревски ја манипулира јавноста со предизборниот финансиски извештај?

Или ВМРО-ДМНЕ признава дека трошењето на 13 милиони евра дневно за купување на гласовите на граѓаните е всушност најголема манипулација на оваа власт?”, вели СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.