Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги осудува инцидентите во автобусите на јавниот превоз во Скопје кои што се случија доцна синоќа и изрази згрозеност од ваквите настани.
– Апелираме до надлежните институции брзо да го разрешат овој случај и виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата, реагираат од владејачката партија.
Оттаму бараат останатите политички субјекти да се воздржат од манипулациите и злоупотребите на овој настан за дневно политички цели.
„Неопходно е сите политички субјекти и надлежни институции да делуваат во правец на превентивно спречување на ваквите настани, а не со своите изјави дополнително да ги разгоруваат страстите и истите да ги злоупотребуваат за ниски цели“, пишува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Десет лица вчера околу 19 часот, влегле во автобусот со број 65 на последната станица и вооружани со дрвени палки ги претепале патниците.




