Стево Пендаровски да одговори која е странската служба со која соработувал лидерот на СДСМ Зоран Заев, и што странските служби очекуваат за возврат, реагира ВМРО ДПМНЕ по денешната изјава на Пендаровски .
– Сценариото на СДСМ е очигледно и тие се разобличени, па оттука мораат да продолжат со вакви паради, само за да го прикријат скандалот во кој се заплеткаа Зоран Заев и нивното раководство. Јавноста веќе оправдано се прашува како може цела опозиција да тврди дека е прислушувана, а да не излезе во јавност ниеден нивни разговор, се вели во реакцијата на владејачката партија.
Оттаму дополнуваат дека на изборите (СДСМ) изгубиле со над 200 илјади разлика и граѓаните јасно се определиле за концептот базиран на работа и проекти, наместо за деструктивната политика за креирање кризи и држење во заложништво на граѓаните и државата.
– Пендаровски очигледно ја научил добро школата на Бранко Црвенковски полна со интриги во која еден од професорите сигурно беше и Зоран Верушевски, стои понатаму во реакцијата.
Според партијата на власт, ова биле прашањата кои јавноста ги очекува од СДСМ за сценариото кое го готвеле Заев, Верушевски, нивните соработници и странската служба.




