Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерката Царовска

1
By Нова ТВ on August 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието, поднесоа интерпелација  за министерката за труд и социјала Мила Царовска, поради стратегија за мигранти и бегалци.

Пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев изјави дека Царовска не ги консултирала граѓаните и дека тие не се запознаени со стратегијата, а ниту се конслултирани општините, туку се ставени пред свршен чин.

– Станува збор за стратешки документи за иднината на Македонија, за проекти што ќе значат енормни трошоци во милијарди евра во наредните десет години, во делот на сместување и градење згради и населби за мигрантите, онака како што е напишано во нивната стартегија. Тоа ќе значи енормни трошоци во делот на вработување, социјални програми, средства што Макеоднија ги нема и ресурси кои се ограничени, изјави Влатко Ѓорчев.

Вчера Министерството за труд и социјална политика како лажна ја оцени веста дека државата ќе гради станови за бегалците и дека тие ќе останувале во Македонија и  ги осудија дезинформациите и наменското ширење страв и ксенофобија кај граѓаните.

– Во Република Македонија нема да се градат кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства за бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока. Секоја информација во поинаква насока е лага, неточна и невистинита – пишува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството известуваат дека ,,Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027’’ е продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009-2015 година,  донесена од претходната влада на ВМРО ДПМНЕ. Документот нема никакво обврзувачко дејство и тие кои во минатото ја потпишале оваа стратегија го знаат овој факт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.