ВМРО- ДПМНЕ денеска излезе со реакција до СДСМ, која се однесува на нивните обвинувања за непотизмот на Заев. Во соопштението се вели:
СДСМ треба да престане да ја потценува интелегенцијата на народот, бидејќи граѓаните на Република Македонија се доволно паметни и многу добро знаат што се случувало во Општина Струмица.
Ако во СДСМ мислат дека со континуирани напади без аргументи, ќе го забошотат најголемиот скандал во историјата на Македонија, се лажат. Граѓаните веќе знаат.
Ние, ВМРО – ДПМНЕ од денес започнуваме да му се обраќаме со Г-дин Набавка Заев. Име, кое ќе остане запаметено засекогаш.
Г-да од СДСМ, ова Ваше однесување е дрско и безобразно и не доликува на одговорноста која ја носите.
Значи, прашањето е дали Кланот Заеви ја исцедил општинската каса со добиените јавни набавки, а не дали Сашо Мијалков е братучед на Премиерот, нешто што впрочем СДСМ го повторува веќе 7 години и се додека го повторува губи на избори, вели ВМРО- ДПМНЕ.




