Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО – ДПМНЕ: Пресметките на Зоран Заев се целосно неточни

0
By Нова ТВ on October 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 11, 2013 16:46

Зоран Заев денес кажа дека секој граѓанин ќе го зголемил својот сопствен буџет за 30.000 денари годишно доколку нивната предлог мерка за поврат на 15% од платениот ДДВ биде применета. Но, пресметките кои што Зоран Заев и СДСМ ги правеле се целосно неточни и невистинити, се вели во соопштението до јавноста од ВМРО – ДПМНЕ.

– Ниту еден просечен граѓанин нема да добие 30.000 денари поврат на ДДВ бидејќи за да се случи тоа теоретски ќе треба да има платено кон државата ДДВ во висина од 200.000 денари годишно. Тоа пак значи дека треба да има направено промет, односно трошок од најмалку 1.111.000 денари или 18.124 евра. Ако оваа бројка се подели на дванаесет месеци ќе значи дека за да добие 30.000 денари поврат на ДДВ од државата во текот на една година, секој граѓанин ќе мора да потроши 1.510 евра месечно и тоа под услов сите производи што ги купил да се даночат по стапка од 18%. Во Република Македонија многу од основните трошоци на граѓаните (што се и најголем дел од основниот буџет на секое семејство) како храна, лекови, медицински помагала, компјутери итн. се оданочуваат со повластена стапка од 5%. Ова значи дека месечните расходи сепак ќе треба да бидат и многу поголеми од 1.510 евра.

– Според математиката на Зоран Заев едно просечно семејство од четири члена месечно троши по 6.040 евра. Што е фантазија и неукост, посочуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

Господине Заев можеби вашето семејство или семејството на Радмила Шеќеринска трошат месечно по 6.040 евра, но ниту едно друго семејство не го прави тоа. Бројките говорат дека оваа мерка која СДСМ ја предлага е лажна, неука и несериозна. СДСМ очигледно се надевала дека граѓаните нема да разберат каква рекламна измама прават со овој предлог.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.