Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: СДСМ да ги остави да помогнат тие што се грижат за народот

0
By Нова ТВ on August 4, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 4, 2015 15:57

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп реагира на прес конференцијата на СДСМ ОО Прилеп, кои по вчерашните поплави во градот, јавно ги повикаа градоначалникот Марјан Ристески и ВМРО ДПМНЕ да одговорат, како се потрошија неколку милиони евра за изградба на нова канализациска мрежа од проектот за пречистителна станица во Прилеп?.

Според ДПМНЕ, жално е што опозицијата за политички цели ги користат и елементарните непогоди.

„Тоа ја покажува нивната безидејност.

За разлика од предлогот на опозицијата да се формира партиски кризен штаб каде ќе има вклучено претставници на партиите, ние бевме на мислење дека Општинскиот Штаб за заштита и спасување во Локалната самоуправа на Општина Прилеп треба да биде формиран од професионални луѓе кои имаат повеќегодишно искуство и се надлежни за соодветната област за која што ќе бидат одговорни.

Со други зборови, нема да дозволиме партизација на институциите како што тoa го правел СДСМ за време на своето владеење и тоа да се одрази на работата на кризниот штаб, а од што најмногу штета ќе имаат граѓаните.

Уште еднаш информираме дека општината, со помош на јавните претпријатија и останати надлежни институции, сама се справи со целокупната ситуација, ситуацијата е ставена под контрола и надлежните реагираа благовремено на терен уште за време на врнежите. До доцните часови на вчерашниот ден беше реагирано на сите пријави од граѓаните. ЈКП Комуналец веке е на терен и врши чистење на јавните површини.

Очигледно треба да Ви се објасни дека Општинскиот Штаб за заштита и спасување во Локалната самоуправа на Општина Прилеп не може да спречи поројни дождови, ниту истото може да го спречи Вашиот градоначалник во Струмица Заев, туку неговата улога е благовремено да реагира за да се намалат штетите од елементарните непогоди и да се санираат секаде каде што ќе се појават.

За таа цел, согласно законските можности, а секогаш во пресрет на граѓаните, формирана е Комисијата за проценка на штети која веќе е излезена на терен и постапува по барањата кои утрово беа поднесени во приемното одделение на Општина Прилеп, а се однесува на штети кои беа предизвикани од вчерашните обилни врнежи кои го зафатија Прилеп.

Ја замолуваме СДСМ, ако веќе не сакаат да бидат конструктивни и да помогнат во ситуации кога општината и граѓаните се зафатени од непогоди, кои се надвор од моќта на луѓето, тогаш да остават тоа да го направат тие кои од секогаш се грижат за доброто на народот и државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.