Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Проценката на САД и ЕУ е политичка и не е базирана на факти

0
By Нова ТВ on February 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 22, 2016 15:00

Според ВМРО-ДПМНЕ, не е точно дека нема услови за фер и демократски избори, туку СДСМ не биле подготвени да излезат на избори. Оваа реакција на партијата на власт е еден ден откако САД и ЕУ ја соопштија дека нивните проценки се дека засега нема услови за избори на 24.април.

– Точно е и дека заради тој страв СДСМ сака пролонгирање на кризата и СДСМ е подготвена на се за да го направи тоа, се вели во соопштението до јавноста на владејачката партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, претставниците на САД и ЕУ не презентирале ниту еден сериозен и кредибилен аргумент во прилог на тезата за неподготвеноста на Република Македонија за избори со што било јасно дека станува збор за проценка базирана на политичка одлука, а не факти.

А при објавувањето на проценката вчера, американскиот амбасадор, Џес Бејли нотираше дека се уште не се донесени реформите за медиумите и сериозно треба да се работи на препораките од Прибе, односно Итните реформски приоритети.

Во оценката на ЕУ и САД се вели:

„Нотираме дека резултатите од работата на ДИК во однос на проверката на избирачкиот список во оваа фаза не се доволни за да се одржат кредибилни избори на 24 април,иако одреден напредок е направен. Исто така се уште не е постигнат договор за медиумските реформи за да се осигура поле за еднаков пристап.

Исто така сме загрижени од извештаите за притисоци и закани врз гласачите и други лица. Сето ова е многу загрижувачко“, стои во извештајот.

ВМРО-ДПМНЕ од друга страна вели немало валидни аргументи за одложување на изборите.

– Во претходните денови, во интензивната комуникација со нив, на сите нивоа, како политичко, така и техничко, се уверивме дека нема валидни аргументи за одложување на изборите. Затоа вчера ја повикавме Државната изборна комисија, партиите и засегнатите меѓународни претставници на јавна дебата. Затоа Претседателот на ДИК вчера се криеше и избегнуваше средба во текот на целиот ден. Ваквите состојби може да ја воведат земјата во нови проблеми и наместо кон излез од кризата да ја однесат кон нејзино продлабочување, образложува ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.