Точно шест месеци до денес од почетокот на формирањето и работата на долго најавуваната Комисија на Градоначалникот Андреј Жерновски за ревизија на проектот Скопје 2014-та, потенцираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Центар. Сепак според нив залудна.
-Иако Жерновски најавуваше дека работата на оваа Комисија ќе заврши за само 90 дена, тие и по работа од 180 дена не открија ништо незаконско и нелегално во овој проект. Со ова се потврдува дека комисијата беше создадена со популистички намери, и дека нејзиното формирање е само хајка која се користеше за политички цели, без аргументи и докази, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ од општина Центар.
Во соопштението се вели дека со ова се одзема еден од главните аргументи за критика на Жерновски и неговата коалиција предводена од СДСМ.
-На овој начин се потврдува дека СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски ја лажеле јавноста со низа измислици и неаргументирани критики. Комисијата на Жерновски освен по скапите дневници исплатени на нејзините членови не може да се памети по ништо друго делотворно, стои во соопштението.




