Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Саше Политико е алатка на СДСМ и Сорос

0
By Нова ТВ on July 16, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 16, 2015 12:49

Според владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Здружението на новинари на Македонија и претседателот Насер Селмани, ги “преспале и толерирале“ физичките напади врз новинари од страна на активисти и симпатизери на опозицијата, а денес излегле со срамна одбрана на, како што велат, платеникот на СДСМ Саше Ивановски Политико.

-Здружението на новинари на Македонија и нејзиниот Претседател Насер Селмани освен тоа што буквално ги преспаа и толерираа физичките напади врз новинари од страна на активисти и симпатизери на опозицијата, тие денес излегоа со срамна одбрана на платеникот на СДСМ Саше Ивановски Политико.

Дополнително е срамна реакцијата на ЗНМ после денешната снимка со која се виде дека Саше Ивановски е само алатка на други лица кои му даваат насоки и го стимулираат од себе да прави тоа што го прави.

За осуда е тоа што СДСМ, Сорос и пооделни новинари злоупотребуваат човек кој очигледно не е свесен во какви ситуации го буткаат и ставаат. Тоа е срамно.

Тие луѓе што го злоупотребуваат Саше Ивановски го гледаат во него тоа што целата јавност го гледа, но СДСМ, Сорос и одделни новинари се смеат и ликуваат кога ќе успеат да го набуцкаат од себе да го прави тоа што го прави.

Тие не само што го толерираат, туку го стимулираат и оправдуваат неговото агресивно однесување. Веројатно и го плаќаат.

Тие наместо да се оградат поради десетината конфликти на Саше Ивановски Политико, со оваа реакција повторно го насочуваат да предизвикува инциденти, за потоа Насер Селмани, Билјана Секуловска и сличните на нив да ликуваат и да се смеат.

Забавно ли ви е господине Селмани? Забавно ли ви е госпоѓо Секуловска?

Дали сте свесни дека си поигрувате со Саше Ивановски и дека тоа го гледа целата јавност?

ЗНМ и Насер Селмани со ова практично наместо да ги штитат, се првите кои ги газат новинарските стандарди и охрабруваат рушење на слободата на говор и приватноста. Со оваа денешна реакција ЗНМ оправдува непрофесионално однесување.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш застапува ставови за професионалност во извршување на новинарската професија, но и ставови кои значат заштита на личниот интегритет и безбедноста на секој граѓанин, независно дали се работи за политичар, новинар, уметник, поет или друг граѓанин.

Веќе нема дилеми дека ЗНМ реагира само кога треба да одбранат некого кој е на страната на СДСМ и никогаш друг пат. ЗНМ и Насер Селмани немаат ниту една единствена реакција на нападите, говорот на омраза, загрозувањето на приватноста, кои во континуитет ги прави Саше Политико. Тие не го ни осудија физичкиот напад и демнењето на Политико врз јавни личности и новинари како Јанко Илковски, Каролина Гочева, многу поети и уметници.

ЗНМ се става и во одбрана на лице кое самиот се декларира дека не е новинар, што упатува на тоа дека наместо здружение за заштита на новинарите, прераснува во здружение кое стимулира и поддржува насилство, агресија и говор на омраза, дополнува во својата реакција владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.