ВМРО-ДПМНЕ како досега така и одсега, со крајна сериозност и одговорност пристапува кон сите препораки и забелешки на ОБСЕ/ОДИХР и на Европската Унија, се вели во соопштението на партијата.
ВМРО – ДПМНЕ внимателно, сериозно и одговорно пристапувало, но и ќе продолжи да пристапува кон адресирање на сите препораки и забелешки од релевантните значајни меѓународни институции.
„Во тој контекст ги разбираме и прифаќаме видувањата на еврокомесарот Штефан Филе чии сугестии и предлози заедно со забелешките и препораките од ОБСЕ/ОДИХР од наша страна ќе бидат сериозно анализирани и адресирани во сегментите на македонското законодавство и имплементација на истото.
– Но во исто време потенцираме дека од исклучително значење за Република Македонија, на истиот тој начин одговорно и совесно да се однесува и опозиционата СДСМ, односно да го прифати апелот од еврокомесарот Штефан Филе за нивно враќање во македонското Собрание“, соопштува ВМРО – ДПМНЕ.
Секое друго спротивно постапување од страна на СДСМ, ќе значи продолжување на непотребните и деструктивни политики кои не им носат ништо добро ниту на СДСМ, ниту на Република Македонија, вели оваа партија.




