Published: Friday, November 22, 2013 18:19
„Решението за името на новоизграденото училиште во Општина Чаир е донесено уште во 2006 година, со одлука на тогашната Влада предводена од СДСМ во која вицепремиер беше денешниот заменик – претседател на СДСМ, Радмила Шеќеринска“, реагира ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ не ја конторлира територијата каде што раководат кадрите на ДУИ.
ВМРО – ДПМНЕ смета дека е смешен и дволичен обидот на СДСМ да го обвини ВМРО-ДПМНЕ за овој случај. Опасна е играта која ја води СДСМ. Тие на овој начин, се обидуваат да играат на картата на популизмот и разгорување на меѓуетничките односи.
Очигледно, СДСМ во нивниот мандат не градеа училишта, туку се занимаваа со промена на нивните имиња, велат оттаму.




