Во реакцијата по изјавата денес на Шилегов, ВМРО-ДПМНЕ вели: “СДСМ продолжува со конструкциите и манипулациите во јавноста за да го сокрие скандалозното богатење на фирмите на Зоран Заев во Струмица, кои директно од Зоран Заев и Општина Струмица добивале милионски суми од јавните набавки.
СДСМ бега од одговорите на прашањата, како е возможно речиси сите фирми од кланот Заеви да добијат тендери во Општина Струмица. Како е возможно милионски суми да добиваат фирмите на таткото, чичкото, стрината и братучедите на Зоран Заев.
СДСМ не можат да го сокријат фактот дека нивниот претседател Зоран Заев ја лажеше јавноста за личното и семејното богатсво.
СДСМ со ниту една конструкција не може да ги покрие лажните суми кои што пред јавноста ги искажа Зоран Заев, а кои потоа беа демантирани со официјални документи и податоци.
Зоран Заев и СДСМ наместо да излегуваат со манипулации во јавноста треба да дадат одговор на овие прашања.
Зоран Заев и СДСМ треба да објаснат како во Струмица се создал систем за испумпување на народни пари и како тие пари завршуваат на сметка на фирмите од семејството Заеви”, се вели во реакцијата.




