Published: Friday, February 28, 2014 15:13
„СДСМ повторно креира сценарија кои имаат за цел да предизвикаат немири и политичка дестабилизација во Македонија. Тоа го прават секојпат преку таканаречени невладини организации кои што се под нивна директна контрола“, соопштува ВМРО – ДПМНЕ.
– Протестот кој вчера го најави таканаречената невладина организација „Македонска платформа против сиромаштијата“ е уште еден политички настан кој што СДСМ се обидуваа да го претстават како израз на граѓанско незадоволство.
– Претседател на оваа таканаречена граѓанска органзиација е Мила Царовска, претседател на советот за социјалана политика на СДСМ, објави ВМРО – ДПМНЕ.




