СДСМ продолжува да пласира груби лаги и измислици со цел да постави знак за еднаквост помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. А тоа не е така. Со оваа прес конференција, СДСМ се обидува да ги оправда скандалите за нивните водачи Радмила Шекеринска и Зоран Заев за кои постојат документи и факти и еклатантни докази дека се замешани во сомнително работење и прибирање на неоснован приход, реагира ВМРО – ДПМНЕ.
СДСМ: Фирмата СГС склучила 28 договори со институции под контрола на ВМРО-ДПМНЕ
Оттаму потенцираат дека фирмата за која говореше Дамјан Манчевски во својата прес конференција, не е фирма во сопственост на Сашо Мијалков. Прес конференцијата на Манчевски е само една обична измислица.
СДСМ треба да престане да сее магла во јавноста и да пласира шпекулации во прашална форма, за кои и самите знаат дека не се вистина. Впрочем да си веруваа во тоа што го говорат, немаше да го пратат Дамјан Манчевски како жртвено јагне да поставува прашања, туку ќе излезеше Радмила Шекеринска и сама ќе тврдеше дека се вистина овие измислици.
Ги замолуваме СДСМ уште еднаш, во иднина, наместо да се обидуваат да сеат магла и невистини во јавноста, да се позанимаваат со сомнителните зделки во своите редови и да ги објаснат скандалите за нивното раководство на чело со Зоран Заев и Радмила Шекеринска, велат во ВМРО – ДПМНЕ.




