Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ја наруши финансиската стабилност

0
By Нова ТВ on July 15, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата дека се обидува да ја наруши финансиската стабилност и финансиските текови.

-Обидот е класичен акт на финансиски тероризам од страна на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата дружина врз граѓаните на Република Македонија. СДСМ стори уште едно финансиско злосторство обидувајќи се со лаги и невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата, која е вообичаен начин на финансирање на секоја европска држава.

СДСМ се обиде да упадне во финансискиот систем со намера да спречи инвестиции во градинки, училишта, патишта, болници, отворање на нови работни места и други проекти. Република Македонија е посилна и ќе ја надмине и оваа нова деструктивна епизода на Зоран Заев. Тој и неговите послушници ќе ја добијат сметката од граѓаните на наредните избори за ваквото финансиско насилство врз државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Издавањето на еврообврзница е одложено денеска откако до заедничкиот менаџмент составен од претставници на Сити, Дојче банк, Ерсте банк и Сосиете женерал кои требаше да тргуваат со неа било испратено писмо од Наумов во кое се наведува дека земјата можеби нема легална основа за нејзино издавање.

Наумов на денешната прес-конференција порача дека pроцесот на издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра е одложен, но не и прекинат, бидејќи власта побарала правно толкување за важноста на целата постапка од страна на Министерството за правда кое ќе биде испратено до банките за тоа дали е неопходно толкаво задолжување, мислење кое согласно Законот за јавен долг требало да биде издадено пред носењето на одлуката за задолжување.

– Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ по којзнае кој пат спасот го гледаат во својот коалиционен партнер ДУИ. Со ваквото темпо на задолжување Груевски и ВМРО ДПМНЕ ги туркаат граѓаните и РМ кон финансиски колапс. Пари во Буџетот за плати и пензии има. Задолжувањето е за непродуктивни трошења корупција и криминал.  Со ребаланс на Буџетот власта може веднаш да скрати огромни средства за непродуктивни трошоци како 18 милиони евра за Милениумско тркало, 5 милиони евра за барокни фасади, а може да се продаде и мерцедесот на Груевски од 600.000 евра, рече Наумов.

Според него доколку цената на еврообврзницата се зголеми при следното задолжување, тоа нема да биде поради неговото писмо испратено до заедничкиот менаџмент на банките кои треба  да тргуваат со еврообврзницата, туку ќе биде поради сомнежите за злоупотреба на средства од ИПА програмата, дефицитот на Буџетот, а е јасен сигнал што Македонија остана и без постојан претставник на ММФ.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.