Петре Шилегов и СДСМ упорно се обидуваат да го сокријат фактот дека тие во 2011 година до Државната Комисија за спречување на корупција доставија неточни податоци за својата кампања. СДСМ заедно со А1 телевизија и нејзиниот сопственик Велија Рамковски водеа двојни документи за трошоците за кампањата на СДСМ и за овој случај одговорност беше побарана од тогашниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров, реагира ВМРО – ДПМНЕ на објавата на СДСМ дека во 2013 на сметката на Сител легнале 1 милион евра.
>>СДСМ: Во 2013 на сметката на Сител легнале 1 милион евра
– СДСМ е единствената партија која своите долгови кон еден медиум ги наплаќаше преку цесија исто како што СДСМ е единствената парија во Македонија која својата кампања ја финансираше незаконски преку хипотекарен кредит подигнат од една комерцијална банка.
– Кога СДСМ говори за финансирање на политичка кампања треба да говори за низата на законски прекршувања кои тие ги имаат направено во своите изборни кампањи во кои директно ги вклучуваа медиумите на Рамковски. Сомнителните бизнис зделки кои ги имаа со него беа класичен пример за нетранспарентност во кои беа потрошени милионски суми, сметаат во ВМРО – ДПМНЕ.
Oва обвинување на владејачката ВМРО – ДПМНЕ кон СДСМ е идентично како и вчера, кога опозициската СДСМ ја отфрли како невалидна, повикувајќи се на Државниот ревизор, кој оценил дека финансиската кампања била законска и дека СДСМ работела согласно сите позитивни законски прописи во Република Македонија.




