Продолжува и серијата на обвинувања за луксузните џипови. По прес конференцијата на СДСМ, каде што беше речено дека “во анкетниот лист на заменик-претседателката на СДСМ нема непријавен имот», се јави и ВМРО-ДПМНЕ со ново соопштение. Во кое се наведува следново:
“Радмила Шекеринска не давајќи одговор за тоа чиј е џипот во кој што се вози, всушност самата призна дека нешто смрди и овој случај.
Да ве вози шофер или да возите нов луксузен џип е нешто што најголем дел од граѓаните во Македонија може само да сонуваат, а Шеќеринска не мисли ни дека треба да го пријави во својот анкетен лист.
Штом Радмила Шекеринска не го пријавила џипот во својот анкетен лист, а го користи, тогаш се отвараат нови прашања.
Дали овој луксузен џип е нејзин, а доколку не е, тогаш чиј е?
Срамно е за политичар кој себе си се претставува за европски, да избегнува и да не одговара на поставените прашања.
Ја повикуваме Радмила Шекеринска конечно да се одважи да излезе и да даде одговори на овие прашања кои јавноста ги очекува”, вели ВМРО-ДПМНЕ.




